Учител им поставил навидум обично прашање на своите првачиња: Нивните одговори ќе ве воодушеват

деца училиште
фото: unspalsh

Веројатно повеќето луѓе не можат ни да замислат како е да се биде учител. Оваа професија не само што доаѓа со голема одговорност, бидејќи вие сте во голема мера одговорни за образованието на помладата генерација, туку мора да им ја обезбедите и вистинската средина за учење и раст.

Една од најдобрите страни во работењето со деца е факот колку е едноставно и прекрасно нивното разбирање за светот.

Џорџ Поинтон, наставник во прво одделение, на социјалната мрежа „Твитер“, ја сподели мудроста на своите ученици. Имено, тој на учениците им поставил прашање што можеби некои возрасни никогаш не си го поставиле: „Кое е најдоброто нешто што ти се случило некогаш?“ Тој добил исклучително интересни одговори.

Имено, ако некогаш сте се обиделе да му поставите прашање на дете, дефинитивно знаете дека можете да очекувате искрен и прилично невин одговор што ќе ве натера да се запрашате колку светот на возрасните е всушност комплициран. Децата го имаат овој уникатен начин на гледање на животот што ќе ве воодушеви.

Одговарајќи на неговото прашање, ученичката по име Кејти едноставно напишала: „Се родив“.

Милјарди години еволуција и предците се одговорни за тоа што сте тука. Во овој момент. Сега. Тоа што имате комплексни мисли и чувства. Па зошто Кејти би одговорила нешто тривијално како сладолед? Таа е во право. Вие сте чудо. Уживајте“, одговорил Џорџ.

Тоби признал дека бил најсреќен што отишол во „Мекдоналдс“ кога добил две играчки, а требало да добие само една. Неговиот учител не криеше дека целосно го сфаќа воодушевувањето на момчето за таков непланиран подарок.

Ема искрено одговори: „Кога ја видов баба ми“, а Џорџ објасни: „Бабата на Ема живее во Австралија и е стара и немоќна. Пандемијата очигледно спречи многу семества да бидат едни со други. Па затоа сум среќна за Ема. Тие се сретнаа на аеродромот и силно, силно се прегрнале“.

Момче по име Рави откри дека неговиот најсреќен момент во животот бил кога се родила неговата сестра.

Замислете да имате постар брат кој е добар и топол како Рави. Кој со својата мудрост и знаење ќе ве води низ овој свет. Тој ја обожава својата сестра и ѝ помага да ги мие забите и да вози велосипед“, коментираше Џорџ.

А девојчето по име Роузи едноставно си призна дека грипот е најдоброто нешто што ѝ се случило некогаш. Затоа што благодарение на тоа, добила слободен ден, па не морала да оди во училиште и можела да гледа „Frozen“ цел ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот