Убиствена молња: „Ф-35“ е прв стелт-ловец со сертификат да носи термонуклеарни бомби

Холандски и американски авиони „ф35а“ во формација - Фотографија Профимедиа

Американскиот борбен авион „ф-35а“ е првиот ловец со стелт техологија што добил официјален сертификат да носи нуклеарно оружје.

Борбениот авион од петтата генерација сега има дозвола да носи гравитациски термонуклеарни бомби од типот „б61-12“.

Иако било најавено дека сертификатот може да се очекува во јануари годинава, тој бил постигнат уште на 12 октомври минатата година. Холандското воено воздухопловство во ноември потврди дека добила „почетен сертификат за мисија за одвраќање“ за авионите „ф-35а“ што му се на располагање на НАТО. Холандија нема нуклеарно оружје, но доктрината „нуклеарно споделување“ им овозможува на членките на Алијансата да се опремат со атомски бомби.

Постар модел од семејството термонуклеарни бомби б61 – Фотографија Профимедиа

Холандски авиони од типот „ф-16“ веќе имаат капацитет да носат бомби од семејството „б-61“. Планирано е новата верзија „12“ да ги замени постарите модели на нуклеарната бомба. Нема официјална потврда кога тие ќе им бидат испорачани на европските сојузници, што не значи дека тоа веќе не е направено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот