Убиецот на бугарската новинарка доби 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова.

Телото на Маринова беше пронајдено на 6 октомври минатата година на реката Дунав во градот Русе, на север од Бугарија.

Обвинетиот, 21-годишниот Красимир, се појави под силни безбедносни мерки и со лисици во судницата, каде што се изјасни за виновен и побара побрзо изрекување на пресудата.

Истражувачите заклучија дека Красимиров самиот го сторил кривичното дело.

Красимиров беше уапсен во Германија, каде што избега и беше пренесен во Бугарија, една недела по убиството.

Со изјаснување за виновен, Красимиров избегна доживотен затвор, објави АП.

Тој има можност да поднесе жалба против пресудата во рок од 15 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот