Уапсени радикални исламисти кои подготвувале терористички напад во Белгија, повеќето се Чеченци

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Белгиската полиција уапсила седум луѓе, главно Чеченци, кои се претставувале како „страсни поддржувачи“ на „Исламската држава“ (ИСИС) и се осомничени за подготовка на терористички напад во Белгија, соопшти државното обвинителство.

Пред апсењата, биле извршени претреси во повеќе градови во западна Белгија.

„Тие се уапсени, претежно од чеченско потекло, а осомничени се дека планирале терористички напад во Белгија“, соопшти обвинителот.

Портпаролот на Обвинителството, Ерик Ван Дајзе изјави дека групата активно барала оружје за да нападне институции во Белгија.

Белгија веќе беше цел на напади на напади од терористи поврзани со „Исламската држава“. Во 2016 година, бомбаши самоубијци го нападнаа аеродромот и метрото во Брисел, при што загинаа 32 лица.

Тие напади ги изврши ќелија на Исламската држава, која стоеше и зад терористичките напади во Париз во 2015 година во кои беа убиени 130 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот