Уапсен Германец, силувал онесвестена британска туристка на улица во Мајорка

Фото: илустрација

Туристка од Велика Британија (50) е силувана додека лежела онесвестена на улица во Мајорка. Жената на нападната утрото околу 3 часот, на подрачјето на градскиот кварт Лес Меравељес, јужно од главниот град Палма.

Зачудени сведоци на нападот го одвлекле силувачот од жената, а потоа повикале полиција која го уапсила Германецот на возраст од околу 40 години.

Тој е осомничен за сексуален напад и е однесен во полициска станица на испрашување.

Во меѓувреме нападнатата жена е пренесена во блиската болница.

Според локалните медиуми, нападот се случил на улица близу плажа преполна со кафулиња и ресторани и која е популарна ноќна туристичка дестинација.

Германецот ја нападнал Британката пред десетина сведоци среде улица, пишува Ултима Хора. Истражителите се сомневаат дека напаѓачот и жрвата се познавале од претходно, како и ден можеби се сретнале во бар ден претходно.

Случајот се истражува, но се уште не е покренато обвинение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот