У21: Македонија во првото коло против Шведска во квалификациите за ЕП 2025

фото: ФФМ

Денеска во Нион, Швајцарија се одржа ждрепката на која беа извлечени групите во рамките на квалификациите за пласман на ЕП што ќе се одржи 2025 година во Словачка за фудбалерите до 21 година.

Младата репрезентација на Македонија се наоѓа во групата Ц и за противници ќе ги има селекциите на Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во првото коло ќе се соочат со незгодната селекција на Шведска на гостински терен.

Комплетен распоред на натпревари на Македонија до 21 година за пласман на ЕП 2025:

Шведска – Македонија (8 септември 2023)

Македонија – Холандија (12 септември 2023)

Молдавија – Македонија (17 октомври 2023)

Македонија – Грузија (16 ноември 2023)

Македонија – Гибралтар (21 март 2024)

Македонија – Шведска (26 март 2024)

Холандија – Македонија (5 септември 2024)

Гибралтар – Македонија (9 септември 2024)

Македонија – Молдавија (11 октомври 2024)

Грузија – Македонија (15 октомври 2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот