У16: Македонските фудбалски надежи ремизираа со Црна Гора

фото: ФФМ

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години одигра нерешено 3:3 против соодветната селекцијата на Црна Гора во рамките на првиот контролен натпревар помеѓу овие две селекции.

Македонија и Црна Гора одиграа извонреден меч со високо темпо и отворена игра во текот на сите 90 минути. Контролен дуел во кој нашата селекција беше подобриот противник во поголемиот дел од средбата, но на крајот и покрај добрата игра не успеавме да забележиме победа.

Противникот одлично го започна натпреварот и рано успеа да дојде до предност. Стрелец на водечкиот погодок беше Павичевиќ во третата минута од средбата. Нашите млади фудбалери брзо ги консолидираа своите фудбалери и одлично реагираа по примениот погодок, успевајќи да го израмнат резултатот во осмата минута, а стрелец беше Бранковски.

Комплетен пресврт Македонија направи во 28 минута, кога Грашески одлично се снајде и успеа да погоди за водство од 2:1.

Во продолжението од средбата, Македонија продолжи со добрата игра и тоа резултираше со нов погодок. Во 67 минута Грашевски, го постигнува својот втор гол на денешната средба и ја зголемува предноста на Македонија на 3:1. Во 78 минута, Јовановиќ ја намалува предноста на 3:2, а само 120 секунди подоцна, Фабрис постигнува нов гол за Црна Гора и ги поставува конечните 3:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот