Твит на портпаролот на СДСМ, Костадинов: Го жалам Димчето Апасиев – Мали Трамп

Оние кои сакат „децата крв да ви плукаат“, денес фотошопираат, злоупотребуваат медиуми и лажат дека сум купил вила, објави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на Твитер, реагирајќи на објавата на лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев на Фејсбук – „Децата крв ќе ви плукаат”.

– Оние кои сакат децата крв да ви плукаат, денес фотошопираат, злоупотребуваат медиуми и лажат дека сум купил вила. Го жалам Димчето Апасиев-Мали Трамп. Тонете фејкери, напиша Костадинов на Твитер.

Фото: twitter/prinscreen

Претходно денеска и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција ја осуди објавата на Апасиев, оценувајќи како скандалозна, екстремна и заканувачка.

– Скандалозна, екстремна и заканувачка порака испрати лидерот на Левица, на својот Фејсбук профил кој подоцна го избриша. „Децата крв ќе ви плукаат”, е пораката што Димитар Апасиев и раководството на Левица им ја упаќаат на граѓаните. И покрај тоа што Апасиев се обиде да ја сокрие од социјалните мрежи, ништо не може да ја избрише оваа радикална изјава полна со омраза, наведе Кузеска.

Нагласувајќи дека „говорот на омраза е неприфатлив”, Кузеска додаде дека тој е еднакво присутен како и ширењето дезинформации и лаги, зад кои се крие истата цел – поделба на граѓаните, дискредитирање и тоа сее само заради партиски и лични интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот