Турски разузнавачи ликвидираа осомничен кој наводно го испланирал терористичкиот напад во Истанбул

Турската национална разузнавачка агенција (МИТ) во средата на северот на Сирија го неутрализирала терористот на ПКК/ЈПГ, Халил Менџи, планерот на терористичкиот напад во Истанбул во ноември 2022 година, јавува државната новинска агенција „Анадолија“.

Како што наведуваат безбедносните извори, Менџи ги надгледувал извршителите на бомбашкиот напад во Истанбул, Алхам Албашир и Билал Хасан, а потоа му помогнал на Хасан да побегне во странство.

Менџи е неутрализиран во специјална операција во градот Камишли во североисточна Сирија, кој е под контрола на ПЈД/ЈПГ.

Тимот за специјални операции на МИТ го следеше Менџи, откако се дозна дека е во контакт со челниците на ЈПГ.

Организацијата ЈПГ/ПКК на 13 ноември 2022 година го изведе терористичкиот напад во преполната улица „Истиклал“ во Истанбул во кој загинаа 6, а 81 лице беа повредени.

Турската полиција објави снимка од апсењето на жената, осомничена за терористичкиот напад во Истанбул.

На видеото се гледа како специјалните полициски сили влегуваат во стан, ѝ ставаат лисици на жената и ги претресуваат просториите, откривајќи, меѓу другото, и оружје.

Терористичкиот напад со бомба во центарот на Истанбул се случи точно седум години по серијата напади на екстремистите на Исламска држава во Париз на 13 ноември 2015 година, кога во париските кафулиња, театарот „Батаклан“ и на Националниот стадион беа убиени 130 луѓе.

ВИДЕО: Нови снимки од хоророт во Истанбул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот