Туристот кој чкрташе на Колосеумот е Бугарин кој живее во Англија

Турист фатен како со клуч чкрта на ѕидот на Колосеумот, Италијанците гневни / Фото Колаж на СП/ Јутуб принтскрин

Туристот кој го врежа своето и името на неговата девојка на 2.000 години стариот Колосеум во видеото што го видоа милиони е Бугарин кој работи како фитнес инструктор во Велика Британија, откри „Дејли мејл“.

Иван Димитров (27), кој исто така се вика Иван Хокинс, беше фатен на камера од американскиот турист Рајан Луц како ги со клуч ги пишува имињата „Иван и Хејли 23“ на ѕидот на Колосеумот.

Иван со бугарско потекло минатиот викенд бил во Рим со долгогодишната девојка Хејли Брејси (33). Полицијата вети дека ќе го фати виновникот.

„Дејли мејл“ утврди дека Иван, кој по потекло е од Ловеч, работи како фитнес тренер во Бристол, како и возач на достава. Се верува дека Хејли води сопствен бизнис за спортска исхрана.

ВИДЕО | Турист фатен како со клуч чкрта на ѕидот на Колосеумот, Италијанците гневни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот