Tуристка од Колумбија загина во пожар во хотел во Софија

Фото: МИА
Колумбиска туристка загина, а двајца возрасни и две деца се хоспитализирани по пожар во хотелот „Централ” во центарот на Софија, јави дописникот на МИА од Софија.
Инцидентот се случил околу 6:10 часот по локално време. Хоспитализираните се двајца постари мажи, како и две деца – една година и седум месеци и 12 години, кои се во добра состојба.
Заменик-директорот на противпожарната служба, комесарот Љубомир Баров за БНР изјави дека загинатата жена била во собата каде што избувнал пожарот.
Пожарот избувнал на третиот кат од хотелот кој има 70 соби и бил полн. Сите негови гости биле евакуирани. Повеќето од гостите на хотелот биле странци.

Во акцијата за спасување учествувале шест противпожарни возила, а повредените биле превезени со две возила на брза помош.

Сè уште не можат да се утврдат причините за пожарот.

Главниот комесар Николај Николов, кој е директор на противпожарната единица, вели дека засега нема податоци или траги за намерно предизвикување на пожарот. Не е познато и дали алармниот систем бил активиран. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот