Турција уапси седум лица како осомничени членови на Исламска држава

Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Турските власти денеска во Анкара уапсија седум лица како осомничени членови на екстремистичката група Исламска држава (ИД) кои подготвувале напади, истакна јавниот обвинител на Анкара.

Уапсените подготвувале напади за турскиот национален празник на 29 октомври и за 10 ноември, датумот на комеморацијата на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската република.

Двајца од осомничените учествувале во оружени судири во Сирија. Засега не се открива идентитетот на уапсените лица.

Во годините по почетокот на судирите во Сирија во 2011 година, Турција беше едно од главните транзитни места за екстремистите кои настојувале да заминат во Сирија.

Турција во 2015 година и во 2016 година беше мета на повеќе напади од страна на ИД, а во последниот загинаа 39 луѓе, главно странски државјани, кој се случи во дискотека во Истанбул за време на новогодишната ноќ во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот