ТУРЦИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА: Не се согласуваат со САД, Сирија повторно ќе страда

Фото: Профимедиа

Турскиот министер за надворешни работи истакнал дека новиот предлог на САД за создавање на „безбедни зони“ во северна Сирија не е задоволувачки и предложи Турција да почне нова офанзива во Сирија ако наскоро не се постигне договор.

Мевлут Чавушоглу го изјави ова по разговор на американска и турска делегација за евентуална безбедна зона долж границата со Турција.

Тој рече дека Турција и САД не се согласуваат околу големината на евентуалната зона и начините на кои би можело да се управува со неа.

Курдите кои се бореле заедно со силите на САД против Исламската Држава, Турција ги смета за терористи и сака безбедната зона да биде подалеку од нејзините граници.

Неодамна Турција испрати засилување на трупите во својот пограничен регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот