Турција ја зајакнува одбранбената индустрија

Реџеп Таип Ердоган / Фото EPA-EFE/NECATI SAVAS

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја прави значителни чекори на полето на одбранбената индустрија, а процентот на домашното производство во оваа област е зголемен од 20 на 80 отсто, пренесуваат турските медиуми.

-Ние (Турција) сме една од првите три земји во светот во технологијата на беспилотни летала, рече Едроган, обраќајќи им се на насобраните граѓани во турскиот град Испарта.

Истакнувајќи дека до вчера Турција имала одбранбена индустрија која речиси целосно зависи од странски извори нагласи и дека „ја зголемиле стапката на локално производство од 20 на 80 отсто“.

-Не ни даваа обични пиштоли, но сега има побарувачка за нашите домашни пиштоли од целиот свет. Сега сме меѓу водечките светски извозници во таа област, ​​додаде Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот