Турчинот кој вчера доби кривична пријава за силување на скопјанка е истиот кој пред три месеци доби условна казна

Фото: Принтскрин, Макфакс

Турчинот против кој вчера МВР поднесе кривична пријава бидејќи силувал 24-годишна девојка е Сонер Арсла, кој пред три месеци доби условна казна и препорака за лекарска помош, а беше обвинет дека се самозадоволувал пред девојчиња во автобуси и на други јавни места.

Полицијата констатирала дека се работи за истото лице преку ДНК анализа. Како што дознава „Макфакс“, неговата ДНК била на маицата од девојчето. Тој ја допирал по телото, се самозадоволувал, а пронајдени се и траги од семената течност на нејзината облека.

МВР вчера информираше дека поднесе кривична пријава против 30-годишниот С.А. од Турција кој минатата година нападнал 24-годишна скопјанка ја допирал по телото и се самозадоволувал.

СВР Скопје– Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против С.А.(30) од Република Турција, со живеалиште во с.Пагаруша, општина Студеничани, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 186 од Кривичниот законик. На 24.12.2022 околу 03.30 часот на ул.„Кирил и Методиј” во Скопје физички нападнал 24-годишна скопјанка, ја допирал по телото и се самозадоволувал – се вели во соопштението од МВР.

Тој е приведен на 21 јуни и по брза постапка е поднесена кривична пријава.

Пред три месеци на судењето против манијакот, судијката Љубинка Башевска која го водеше случајот ги зема предвид возраста, семејната материјална состојба, извинувањето и каењето и сметаше дека му е потребна лекарска помош. Од таа причина, обвинетиот беше ослободен, но со предупредување дека ако направи исто или слично дело ќе заврши во затвор.

Сонер Арсла има 30 години и роден е во Турција. Најмладата жртва на Сонер има 19 години, додека највозрасната 24 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот