Трошановски: Од санкциите кон Русија трпиме економска штета за политички бенефит

марко трошановски
Марко Трошановски, аналитичар / Утрински брифинг

Македонија како земја-кандидат за членство во ЕУ и нема некој избор освен да се усогласи со санкциите што Унијата ѝ ги наметнува на Русија и покрај тоа што се на наша економска штета, оценуваат аналитичарите. Марко Трошановски од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ потенцира дека ние не сме присилени да се усогласуваме со санкциите, затоа што тие не се критериум што мора да го исполниме како кандидати, туку тоа го правиме според сопствена проценка и желба.

– Ние самите одбираме да се приклучиме затоа што очекуваме одредена политичка корист. Ние и со САД се усогласувавме во врска со комуникациската инфрастуктура по нашиот прием во НАТО, кога не можевме да набавиме опрема од кинескиот бренд „Хуавеи“, кој има поевтини и квалитетни уреди. Значи и тогаш имавме определена економска штета. Така што, синхорнизацијата со европските казни кон Русија нам ни носи економски штети, но тоа е за политички бенефит. Но, гледаме, пак, дека во однос на ЕУ ниту тој политилчки бенефит засега не го добиваме и блокадата од Бугарија за нашите преговори за членство останува. Со тоа дополнително се урива кредибилитетот на ЕУ во Македонија, затоа што се согледува дека ова е процес во кој само едната страна презема чекори, нашата страна, а другата страна не – вели Трошановски за „Слободен печат“.

Тој смета дека пробив кон ЕУ е можен до јуни, до крајот на француското претседателство, но во услови кога нема транспарентност за содржината на разговорите, не може да се процени состојбата.

– Очигледно е и дека во последно време, по инвазијата на Руција во Украина,  се намалени изјавите од европските политичари и дипломати со кои се врши јавен притисок врз Бугарија, која е важна геостратешка точка за оваа војна. Но, затоа притисокот кон двете земји да се реши проблемот е се поголем. Пробив до јуни е можен, но ние во услови кога нема транспарентност за разговорите, не може да се процени исходот – вели Трошановски.

Портпаролот во Брисел Петер Стано, како што јави МИА, деновиве рекол дека Унијата не предвидува компензации за земјите-кандидати што се усогласени со санкциите на ЕУ и дека веќе постојат фондови за поддршка на земјите од Западен Балкан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот