Тропската бура Елса уби тројца на Хаити и се движи кон Куба

Најмалку три лица загинаа во тропската бура Елса што ги погоди јужните брегови на Хаити и Доминиканската Република.

Американските медиуми јавуваат дека невремето предизвика паѓање на дрвја, а брзината на ветерот достигнувала до 100 километри на час.

Тропската бура во моментов се движи кон Куба, каде населението се евакуира по должината на јужниот брег. Се стравува дека невремето ќе донесе поплави, откако претходно погоди неколку карипски острови.

Елса зад себе остави пустош, а меѓу најтешко погодените острови се најде Барбадос, каде повеќе од 1.100 луѓе пријавија дека им се оштетени куќите, а 62 објекти се целосно уништени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот