Тројца скопјани за неколку часа каснати од улични кучиња, надлежните никако да најдат решение за проблемот

Уличните кучиња напаѓаат
фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Нема крај на маките на скопјани со уличните кучиња. За неполни 12 часа, три лица од Скопје, во текот на вчерашниот ден биле каснати од кучиња скитници. Првиот случај е во Драчево, каде 52 годишна жена пријавила дека на ул.„Живко Фирфов“, била касната од куче скитник. Попладнето пак околу 18 часот, 34-годишниот Д.Б. од Петровец, пријавил дека бил нападнат од куче скитник во с. Огњанци. Пријава за касната жена, вчера регистрираше полицијата и во скопски Аеродром. Околу 22 часот на ул.„Бојмија“ кај Острово, 46- годишна жена била касната од куче скитник.

Илјадници евра секоја година се одлеваат од градската и од општинските каси по основ на тужби на граѓани коишто биле нападнати од бездомни кучиња. Од година во година и тужбите и побарувањата за отштета само раснат. Со цел да се реши проблемот со напливот на тужби, но и да се спречат можни малверзации со отштетата, советниците на Град Скопје лани усвоија одлука со која пријавите за каснување од куче ќе се решаваат спогодбено, наместо да се влечат по судови. Граѓаните, пак, бараат да се решат долгогодишните проблеми со бездомните кучиња по улиците, кои често со или без причина знаат да ги нападнат и децата и постарите лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот