Триметарскиот споменик во Струга инвестиран од конзулатот на Косово пред уставните судии

Седница на Уставен суд / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Споменикот во Струга инвстиран од конзулатот на Косово како благодарност за гостопримството на стружани за време на војната во Косово во 1999 година, денеска ќе биде пред уставните судии.

Подносители на иницијативата се Ален Деребан и други граѓани во врска со одлука за поставување на спомен обележје-плоча, бр.08-4322 донесено од Советот на Општина Струга на  27.10.2022 година.

Подносителите, соопштија од Уставниот суд, наведуваат дека Советот на Општина Струга донел Одлука за поставување на спомен-обележје, бетонски споменик со димензии од речиси три метри висина и два метрa ширина на шеталиштето на кејот од реката Црн Дрим, чиј инвеститор е конзулатот на Косово во Република Северна Македонија. Се наведува дека одлуката е донесена без ревидиран основен проект и техничка документација и не е предвиден ниту во ДУП-от ниту во ГУП на Општина Струга. Исто така е наведено дека Општината нема донесено програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен обележја. Подносителите сметаат дека Одлуката е во спротивност со неколку одредби од Законот за меморијалните споменици и спомен обележја.

Уставниот суд денеска ќе ја оценувана уставност и за други три иницијативи.

Друштво за производство и земјоделие ДУБРОВО ДООЕЛ село Дуброво, Неготино, претставувано од управителот Љатив Бејаз од Велес, – застапенo преку полномошник адвокат Јованче Цилаков од Велес, а се однесува на Одлука за измена и дополнување на ГУП за работна зона „Дуброво – Тремник“, општина Неготино, бр. 07-201/11 од 19.07.2001 година (Службен гласник на Општина Неготино бр. 13 од 2001 година) и Одлука на Општината Неготино бр. 08-76/7 од 14.03.2017 година за утврдување на Урбанистички план вон населено место Дуброво и Тремник (КО Дуброво, КО Тремник), Општина Неготино (Службен гласник  на Општина Неготино бр. 3 од 2017 година).

За оценување на тaрифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите подносител на иницијативата е Санде Пејовски, кој меѓудругото наведува дека таа е донесена врз основа на Законот за адвокатура, но е спротивна на членот 60 став 2, бидејќи со оваа тарифа се празни Буџетот на државата кога адвокатите застапуваат службено и буџетот на граѓаните кога нив ги застапуваат. Според наводите, Тарифата може да ја предложи претседателот на Адвокатската комора, но не може да ја потпишува и донесува бидејќи стварно и функционално надлежен за тоа е министерот за правда.

Синдикатот на полиција во Македонија пак е подносител на иницијативата за член 276 став 2 од Колективниот договор на МВР. Подносителот наведува дека оспорените одредби се во спротивност со членот 37 од Уставот кој го штити правото на граѓаните да основаат синдикати заради остварување на своите економски, социјални права. Се наведува, стои во соопштението од Уставниот суд, дека оспорениот член го доведува Синдикатот во нееднаква и дискриминирачка положба и дека не може подеднакво и рамноправно да ги застапува правата на неговите членови, за разлика од Македонскиот полициски синдикат чиишто членови се ослободуваат на работа и до 40 часови годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот