Фото: Pexels / Christine Clair

Три растенија кои ќе ви цветаат „како луди“: Засадете ги сега и уживајте во нив цело лето

Април е совршено време да внесете боја во вашиот двор, а висечките саксии со цвеќе се совршен начин да го оживеете. Напролет природата секојдневно не изненадува со побогати бои, а април е идеалниот момент да ја внесете таа убавина во вашиот двор.

Според Кралското хортикултурно друштво, овој месец е совршен за садење во висечки саксии, бидејќи почвата е доволно влажна и топла за да им даде силен почеток на младите растенија. Висечките саксии не само што додаваат шарм на влезовите, терасите и оградите од вашиот дом, туку внесуваат и разиграност со бои, мириси и текстури.

Петунија

Првовот цвеќе препорачано за садење во април се петуниите. Нивните богати нијанси обезбедуваат вистински огномет на бои, а поради нивниот висечки раст, тие се идеални за садење во висечкки саксии.

Вербена

Цврсто растение кое го сака сонцето и обилно цвета од пролет до есен. Неговите нијанси варираат од интензивна виолетова до нежни пастелни тонови, а неговиот компактен раст го прави совршен за корпи.

Калибрахоа

Познато и како „милион ѕвона“. Ова растение не бара многу – успева и на сонце и на сенка, обилно цвета, а не бара ни отстранување на мртвите цветови. Се сее во затворен простор, а надвор се пресадува само кога ќе поминат студените денови.

Ако почнете да планирате сега во април, вашите висечки саксии ќе бидат вистинско дворно ремек-дело до летото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот