Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

скопје Бездомни кучиња
Бездомни кучиња во Скопје / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Три лица биле каснати од кучиња скитници вчера во Скопје.

Шеесет и четиригодишна жена пријавила дека бил каснат од куче скитник на бул.„АСНОМ“.

„На 23.10.2023 во 11.55 часот во Полициската станица Аеродром М.М.(64) од Скопје, пријавила на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.“

Куче скитник каснал тинејџерка на улица „Беласица“.

„На 23.10.2023 во 21.30 часот во Полициската станица Центар Е.М.(19) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ била касната од куче скитник.“

Триесет и шестгодишен маж пријавил дека во скопската населба Маџари неговата малолетна внука била касната од куче скитник.

„На 23.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба Г.Д.(36) од Скопје, пријавил дека на ул.„Маџари“ неговата малолетна внука била касната од куче“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот