Три лица искасани од бездомни кучиња изминатото деноноќие

Три лица биле каснати од бездомни кучиња изминатото деноноќие.

Скопјанец бил каснат од куче во Дебар маало.

„На 13.12.2023 во 16.40 часот во Полициската станица Центар, З.П.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Мајаковски“ бил каснат од куче скитник.“

Пеесет и седумгодишен скопјанец бил каснат од куче во Ново Лисиче.

„На 13.12.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром, Д.П.(57) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.“

Дваесет и деветгодишен скопјанец бил каснат од бездомно куче кај парк шумата Гази Баба.

„На 13.12.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Х.А.(29) од Скопје пријавил дека на ул.„Архимедова“ бил каснат од куче скитник“, информираат од МВР.

 

ФОТО: Уличните кучиња како туристички водичи низ Скопје, Драчево со најмногу пријави за каснувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот