фото: Pexels/ RDNE Stock project

Три хороскопски знаци кои често се во љубовен триаголник

Љубовниот триаголник претставува емотивна врска помеѓу две лица, од кои едниот парнтер е посветен на врска со трето лице. Љубовниот триаголник може да започне со случајна, краткотрајна врска меѓу овие две лица, но терминот генерално се однесува на посложена врска, пишува „Сенса“.

Љубовниот триаголник е едно од покомплексните психолошки прашања во врската, и барем една личност излегува од неа повредена.

Многу луѓе ги избегнуваат љубовните триаголници, но некои сепак, намерно или случајно, често се наоѓаат во нив. Според астролозите, следните 3 хороскопски знаци може да бидат склони кон љубовни триаголници:

Близнаци

Општо земено, Близнаците важат за исклучително харизматични, слободни, социјални и динамични. Различноста им е главниот животен зачин, па не поднесуваат монотонија во врската. Близнаците сакаат постојано да им се случува нешто во животот, што може да предизвика љубовни триаголници.

Доколку не работат на емоционалната стабилност, постои ризик да се заљубат во две лица. Меѓутоа, кога ќе најдат личност која може да го следи нивниот животен ритам, со која ги имаат истите вредности, тие можат да бидат најлојалните и најпрекрасните партнери.

Вага

Познато е дека луѓето родени во знакот Вага се прилично неодлучни. Во исто време, тие сакаат романтика и сакаат да бидат сакани. Исто така, им е мило кога некој им посветува внимание и нежност. Особено на почетокот на врската, Вагите можат да бидат склони кон флерт и љубовни триаголници. Но, кога ќе се заљуби, Вагата целосно се предава на врската и партнерот – се труди тоа навистина да функционира.

Водолија

Водолиите ја сакаат слободата. Тие се необични, малку бунтовни и често водат прилично неконвенционален живот. Не сакаат да ги следат правилата и очекувањата на општеството, а сакаат и да поставуваат свои необични правила во врските. Генерално, Водолиите се големи обожаватели на отворени врски, што може да предизвика понекогаш да се најдат во љубовни триаголници. Но, кога ќе ја најдат вистинската личност за себе, тој ќе им покаже нови хоризонти на љубов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот