
Три едноставни трикови кои докажано помагаат парфемот да се чувствува на вас во текот на целиот ден
Го најдовте омилениот парфем, но по три-четири часа веќе не го чувствувате? Или сакате само интензивно да мирисате, па кога одите по улицата, зад вас да остане трага од парфем? Решението го има младата Британка Џозефин, која завршила постдипломски студии од областа на козметиката и парфимеријата во училиштето „ИЦИПЦА“ (ICIPCA) во Версај.
Препорачано
Џозефин се занимава со пишување на рецензии за парфеми и редовно зборува за нив на својот профил на TикТок, а неодамна откри три едноставни трикови за да мирисаме што е можно подолго и поинтензивно.
@jusderose How to make perfume last all day #perfumetok #fragrancetok #perfumetiktok #perfumetips #longlastingfragrance ♬ original sound – Jus de Rose | Perfume Reviews
„Нема ништо што ме фрустрира повеќе од тоа кога ќе најдам мирис што ми се допаѓа, но по 20 минути не можам да го почувствувам“, вели оваа млада дама на почетокот на видеото.
Најважно е да го нанесете мирисот на чиста кожа, односно после туширање или капење, вели оваа госпоѓа. Потоа, таа советува да нанесете лосион за тело без мирис или неутрален мирис на вашата кожа, бидејќи добро хидрираната кожа подобро ќе го задржи мирисот и ќе го направи да трае подолго. Друга опција е да користите лосион за тело со истиот мирис како и парфемот.
Друг трик кој Џозефин го користи е да го нанесува парфемот на облеката, но од безбедно растојание, за да не останат дамки на гардеробата.
“Мирисот многу подобро ќе “фати” на ткаенината отколку на кожата. Не плашете се, можете слободно да претерате додека се прскате”, истакнува таа.
И на крајот – испрскајте го парфемот на вашата четка за коса, а потоа четкајте ја косата со неа. Ова ќе направи вашата коса да мириса убаво без да се оштети од алкохолот од парфемот.
Постои уште еден ефикасен трик кој ќе ви помогне да го зачувате вашиот парфем и подобро да се покаже на кожата – не смеете да го чувате во бањата! Имено, ако парфемот го складирате во бањата, тој е склон на расипување поради пареата при туширање и флуктуации на температурата.