Тренчевска: Подобрувањето на квалитетот на животот на младите е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска потпиша меморандум за разбирање со Небојша Мојсоски, Раководителот на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности во Република Северна Македонија, потпишавме меморандум за разбирање помеѓу организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници и Министерството за труд и социјална политика. Воедно одржа средба со Кристофер Доџ ВД. Директорот на УСАИД на канцеларијата за економски развој.

Министерството за труд и социјална политика заедно со УСАИД во моментот работи на промоција на мерките и програмите од Оперативниот план за активни мерки и програми од 2023 година со цел поголема вклученост на младите на пазарот на трудот.
Тренчевска истакна дека иднината на државата треба да се гради со млади лица кои се општествено вклучени и се активни на пазарот на трудот. Таа посочи дека подобрувањето на квалитетот на живот на младите е приоритет на работата на министерството.

Меморандумот кој се потпиша помеѓу министерството за труд и социјална политика и организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници има за цел соработка во делот на активности коишто водат кон младинско учество, развој на вештини и вработување, поттикнувајќи ги младите да учествуваат во активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот (преку обуки, практикантство, можности за вработување и сл.) коишто се конкретно наменети за младите, како дел од Оперативен план и активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година.

На состанокот беше дискутирано и прашањето за родовата еднаквост и поголема инклузија на лицата со попреченост како и нивното приклучување на пазарот на трудот. Беше истакнато дека делокругот на активности и соработка може да биде проширен на овие две теми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот