Транспаренси интернешнл-Македонија ја оцени позитивно покренатата истрага на Обвинителството за крадењето цитостатици на Онкологија

Клиника за Онкологија / Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл-Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во август.

Во делот на бистрите настани за август е поднесената истрага на Обвинителство повеќе лица за кражба и поткуп на скапи лекови на скопска Онкологија, за која „Слободен печат“ пишуваше, и на тацна им ги даде индициите на МВР и Обвинителството за препродажбата на лекови на Онкологија.

„Во Основното јавно обвинителство Скопје има предмети кои се однесуваат на конкретни лица осомничени за кражба и поткуп за примање терапија на Клиниката за онкологија. Еден од тие предмети е во судска постапка по поднесено обвинение, а по останатите се постапува. Јавното обвинителство ги анализира извештаите на Државниот завод за ревизија, но и написите на медиумите на оваа тема. Доколку се констатираат елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, обвинителството ќе постапи и ќе ги испита наводите“, се наведува во одговорот од ОЈО.

Во делот на бистрите настани за август е приведувањето на странец кој поминал на црвено светло, па се обидел да поткупи полицајци, кривичната пријава за директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ поради злоупотреба на службената положба, апсењето на грчки државјанин поради поткуп од пет евра на полицајци.

Како дел од „матните“ настани во месец август, прв на листата е документарецот на ИРЛ за пожарот во модуларната болница во Тетово каде што животот го загубија 14 лица.

„ИРЛ објави документарен филм со нови документи за пожарот во модуларната болница каде загинаа 14 лица, во кој се вели дека не е испорачана правдата. Обвинителството, пак, тврди дека се „манипулира со информации.“

Од Транспаренси ги потенцираат и активностите на ДКСК кој утврдија сомнежи за несовесно работење и поткуп за ДУП-от во Карпош за бензинската станица на „Пуцко петрол“.

„Антикорупциската комисија ќе достави и иницијатива до ОJOГОКК против сите чинители кои учествувале во постапката за носењето на Деталниот урбанистички план за градска четврт во општина Карпош, од неговото прво усвојување, до неговото укинување по втор пат од Уставниот суд.“

Исто така во „матните“ настани за август е и иницијативата за кривично гонење на градоначалникот на Вевчани и за лице кое четири пати по ред било именувано за в.д. директор на општинско јавно претпријатие.

„ДКСК одлучи да поднесе иницијатива до ОЈО Струга за поведување кривична постапка за злоупотреба на службената положба кон градоначалникот на општина Вевчани и за несовесно работење во службата за лице кое прифатило четири пати по ред да биде назначено за вршител на должност директор во локалното јавно претпријатие.“

Како дел од матните настани за месец август се и препукувањата на Министерството за правда и Судскиот совет и поставувањето за заменик директор на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации наместо правник избран новинар со диплома од Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот