Трансфер „бомба“, Бејл во Серија А

EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Герет Бејл од наредната сезона најверојатно ќе го настапува во италијанската Серија А, и тоа во дресот на Рома, пишува “Марка“.
Според весникот близок до Реал Мадрид, тренерот Зинедин Зидан и дефинитивно го отпишал Бејл, не е во неговите планови за наредната сезона. Зидан кој ќе добие рекорден буџет за летниот преоден рок, планира ѕвезди на новиот проект да бидат Еден Азар кој треба да пристигне од Челси и напаѓачот на Ајнтрахт, Лука Јовиќ.

„Претставниците на Герет Бејл на 8. април биле на состанок со генералниот директор на клубот на кој им е кажано да почнат да си бараат нов клуб за својот играч“, пренесува „Марка“.

Весникот пренесе дека негова идна дестинација ќе биде Рома. Иако делува изненадувачки, сосптвеникот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, се наоѓа пред купување на Рома и им дал ветување на претставниците на клубот дека веднаш ќе донесе суперѕвезда и изборот паднал на Герет Бејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот