Трамп тврди дека го има лекот против коронавирусот

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Додал дека се работи за вообичаен лек кој наскоро ќе биде достапен на рецепт за лекување на заразените со коронавирус.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека овозможил лекот кој се користи против маларија да се тестира на пациентите заразени со коронавирус и дека засега покажува добри резултати.

Се работи за лекот хидроксиклорокин, а Трамп тврди дека би можел речиси веднаш да биде достапен за лекување на ковид-19, јави Си-ен-ен.

-Нема никого да убие. Лекот веќе некое време се користи така што знаеме дека ако не делува како што предвидуваме, сепак, нема да убие никого- рекол Трамп во Белата куќа.

Додал дека се работи за вообичаен лек кој наскоро ќе биде достапен на рецепт за лекување на заразените со коронавирус.

Трамп е убеден дека овој лек ќе промени сè.

-Мораме да ја отстраниме секоја непотребна пречка. И го направивме тоа. Имаме добри резултати- рекол Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот