Трамп соопшти нови информации за вакцината од коронавирус, еве до каде се истражувањата (ВИДЕО)

Американскиот претседател се надева САД да ја развијат вакцината до крајот на годината.

Американскиот претседател Доналд Трамп само што одржа говор во градината на Белата куќа со нови информации поврзани со развојот на вакцина против коронавирус.

На настанот беше присутен и водечкиот американски лекар Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести.

Трамп рече дека фармацевските индустрии инаку ќе мора да поминат многу регулативни мерки поради кои развојот на вакцина може да се одложи и за година дена. Но, нагласи дека САД ќе преземе нова насока во текот на операцијата Ворп Спид и ќе ја забрза продукцијата на вакцина. Додаде и дека САД нема да бидат себични и дека ќе ја поделат вакцината со другите држави.

Рече дека се надева САД да ја развијат вакцината до крајот на годината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот