Трамп се жали на наредбата Мајк Пенс да сведочи за упадот во Капитол

Трамп / ЕПА

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска поднесе жалба на наредбата со која се бара неговиот поранешен потпретседател на САД, Мајк Пенс, да сведочи во истрагата на специјалниот обвинител за инвазијата на Капитол од страна на поддржувачите на Трамп на 6 јануари 2021 година, според американските медиуми.

Адвокатите на Трамп поднесоа жалба по пресудата поврзана со истрагата на Министерството за правда за неговите обиди да ја оспори вистинитоста на резултатите од претседателските избори во 2020 година на кои тој загуби од демократот Џо Бајден, пренесe Ројтерс.

Пенс минатата недела рече дека нема да поднесе жалба на пресудата со која се бара да сведочи пред федералната голема порота за неговиот однос со Трамп и разговорите што ги имал со него на денот на смртоносниот напад на Капитол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот