Трамп го предупреди Бајден: Немој да заспиеш на средбата со Путин

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и актуелниот Џо Бајден/Фото: Архива на Слободен Печат

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп му посака на својот наследник, Џозеф Бајден, да не заспие на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин и да му ги пренесе поздравите.

„Среќно Бајден во преговорите со претседателот Путин. Немојте да заспиете на состанокот и ве молам да му ги пренесете моите најдобри желби“, рекол Трамп.

За време на предизборната кампања, бившиот претседател на САД повеќе пати го нарече својот противник „поспаниот Џо“.

Трамп потсети дека неговиот состанок со рускиот претседател во Хелсинки во 2018 година бил „одличен и многу продуктивен“.

Претходниот американски лидер изрази убедување дека САД, и покрај тврдењата на медиумите, „на тој самит постигнале многу, вклучувајќи ја и почитта на претседателот Путин и Русија“.

Состанокот меѓу Путин и Бајден ќе се одржи на 16 јуни во Женева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот