Трамп ги смирува тензиите: САД и Северна Кореја имаат меѓусебна почит

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека САД и Северна Кореја имаат взаемно „големо почитување”, и покрај застојот во преговорите за нуклеарната програма.

– Многу добри работи ќе се случат во Северна Кореја…минавме долг пат, изјави Трамп на почетокот на разговорот со јапонскиот премиер Шинѕо Абе. Трамп појасни дека е изградена „добра почит.. дури и голема почит меѓу САД и Северна Кореја”.

Трамп се наоѓа во посета на Токио како дел од дипломатската офанзива на Абе против протекционистичките мерки кои САД ги воведува кон други земји.

Американскиот претседател е незадоволен од големиот јапонски трговски суфицит и разгледува воведување повисоки царини на јапонскиот извоз на автомобили доколку не биде постигнат билатерален трговски договор.

Инаку, Трамп и првата дама Меланија денеска беа свечено примени во Царската палата во Токио, каде ги пречекаа новиот јапонски цар Нарухито и царицата Масако. Трамп е првиот светски лидер кој се среќава со царот, кој на престолот се наоѓа од 1 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот