Видео: Трагедија во Италија, воен авион се урна врз автомобил во движење, загина петгодишно девојче

фото: Твитер, падна воен авион врз автомобил, загина девојче

Италијански воен авион се урнал за време на вежби во Торино, паднал врз автомобил и усмртил петгодишно девојче, додека пилотот преживеал, јавуваат италијанските медиуми.

Италијанската новинска агенција АГИ јави дека деветгодишниот брат на загинатото девојче е тешко повреден, додека родителите и пилотот не се во животна опасност.

Сите повредени се со изгореници од различен степен и се пренесени во болница.

Италијанските медиуми јавуваат дека воениот авион се урнал при полетување на аеродромот во Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот