Трагедија пред Велигден во делчевско: Во сообраќајна несреќа загина 18 годишно момче

Фото: МИА

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Делчево – Берово, доцна попладне кај делчевското село Град по излетување на возило, загина 18 годишно момче.

На местото на несреќата  интервенирала екипа на Итната медицинска помош, од каде информираа дека по укажаната интервенција, со нивно возило заедно со сега веќе починатиот (Ф.А) се упатиле кон најблиската Клиничка болница, кој попатно починал.
Во излетаното возилото се наоѓало уште едно помладо лице, кај кое според лекарите не се забележани повреди.
Од полицијата го потврдија случајот и повеќе детали за несреќата најавија во текот на утрешниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот