Тома Фила: Не знам што уште сака Бугарија, Заев направи сѐ

Српскиот адвокат со македонско потекло, Тома Фила, во вечерашната емисија „Трилинг“ на ТВ24 изјави дека не знае што сака Бугарија и дека поранешниот премиер Зоран Заев направил сѐ за да го реши спорот со Софија.

„Не знам што сака Бугарија, навистина не знам. Заев направи сѐ што можеше, дури и работи кои што не ги сфаќам. И да се нарече некој окупатор, а не бугарски, кои извршија толку многу злосторства во Втората светска војна… Да не остане Македонија како име, тоа би било премногу, не можам да замислам“, рече познатиот адвокат.

Тој вели дека не би можел да замисли да се нарече Бугарин.

„Власите би ме убиле сред Белград, доколку кажам такво нешто“, рече Фила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот