Тодоров: Бевме добри во реализација на проекти, а СДСМ е подобра во меѓународна политика

Поранешниот министер за здравство во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, уште еднаш побара Христијан Мицкоски да замине од лидерската позиција во партијата.

-Но, не е поентата Мицкоски да си оди и да дојде друг и истото да продолжи – рече Тодоров, додавајќи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ имало став околу референдумот веќе ќе беше на власт.

Тој вели дека не се слушнал со поранешниот партиски лидер Никола Груевски од периодот кога се одржуваше конгресот во Валандово.

-Ние бевме многу подобри во делот на реализација на проекти, креирање на нови политики, привлекување на инвестиции, од друга страна пак, СДСМ се подобри во делот на политика, особено во делот на меѓународната политика- рече Тодоров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот