Титулата во Серија А е на дофат на Јувентус, Роналдо е најдобар кога е најтешко

epa08557260 Juventus? Cristiano Ronaldo (top) in action during the Italian Serie A soccer match Juventus FC vs SS Lazio at the Allianz stadium in Turin, Italy, 20 July 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Јувентус во дербито на 34. коло од Серија А со 2:1 го совлада Лацио и направи огромен исчекор кон освојување на деветтата шампиоинска титула во низа.

Јувентус на четири кола до крајот на сезоната е лидер на табелата со 80 бодови, дури осум повеќе од Интер и девет од Аталанта.

Јунак на „старата дама“ беше Кристијано Роналдо кој ги постигна двата гола и притоа успеа да дојде до неверојатно постигнување, да постигне најмалку по 50 гола во три од најсилните пет лиги.

Кристијано Роналдо/ EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Првиот гол Португалецот го постигна во 51. откако судијата Орсато по консултација со ВАР собата досуди пенал по играњето со рака на Бастос.
Само три минути подоцна, Роналдо зголеми на 2:0 по асистенцијата на Пауло Дибала. Лацио единствено што успеа да направи до крајот на средбата е да го намали резултатот на 2:1 во 83. минута преку Чиро Имобиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот