Фото: FK Crvena Zvezda

Тинејџер со македонско потекло вчера испиша историја, стана петти најмлад стрелец во историјата на ЛЕ

Екипата на Црвена Звезда вчера забележа пораз од Порто со 2-1 во рамкитте од второто коло во Лигата на Европа, а единствениот гол за црвено-белите го постигна тинејџерот Василје Костов.

Се играше 32. минута кога 17-годишниот фудбалер со еден фантастичен удар го совлада противничкиот голман. За првиот тим на белградскиот гигант дебитираше на 11 мај 2008 година и досега одигра 11 натпревари.

Со вчерашниот гол Костов стана најмлад стрелец во историјата на Звезда во меѓународните натпреварувања, но и петти вкупно од формирањето на Лигата на Европа. Пред него се: Ромелу Лукаку, Икер Мунаин, Жорти Мокио и Дезире Дуе.

Инаку, тој има македонско потекло и државјантво, меѓутоа во младинските селекции се одлучи да ги брани боите на Србија, а се очекува наскоро да дебитира и во „А“ тимот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот