Тие што имаат ниски примања нека ги ранат своите деца со сендвичи од „Мекдоналдс“, кажа австрискиот канделар Нехамер

Австриски канцалар Карл Нехамер фото EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Австрискиот канцелар Карл Нехамер беше критикуван во јавноста откако се појави видеоснимка на која вели дека родителите со ниски примања би требало да ги хранат своите деца со хамбургери од „мекдоналдс“. Нехамер на снимката зборува за сиромаштија, пред да се пожали за тоа како медиумите пишуваат за глад кај децата.

„Што значи тоа дека дете нема топол оброк во Австрија? Дали знаете кој е најевтиниот топол оброк во Австрија? Не е здрав, но е евтин: хамбургер од ‘мекдоналдс‘ – 1,40 евра, а ако купите и помфрит со него, тоа е 3,50 евра. И потоа некои сериозно тврдат дека живееме во земја во која родителите не можат да си дозволат оброк за своите деца“, вели Нехамер.

Неговата Народна партија потврди дека снимката е направена на настан за вино и кашкавал во Салцбург. Се огласи и портпаролот на австрискиот огранок на „Мекдоналдс“, кој кажа дека иако цените варираат, можно е да се јаде така евтино како што сугерираше Нехамер. Нехамер не се извини за својата изјава, со која ја бранеше владината помош за семејствата со ниски примања.

„Стојам зад фактот дека родителите мора да се грижат за своите деца“, кажа Нехамер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот