„The Simpsons“ ја предвидоа новата кандидатура на Трамп за претседател

Фото: Принтскрин - Твитер

Серијата која ја креираше Мет Гроунинг е повеќе од 3 децении на екраните, а за првпат се емитуваше на 17-ти декември 1989 година, што ја прави најдолговечната американска ТВ серија во ударен термин.

Една од најпознатите анимирани серии „The Simpsons“ повторно ги потврди своите прескажувачки способности, бидејќи во епизода од 2015 година ја претскажува кандидатурата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за иден претседател на изборите во 2024 година.

Трамп соопшти дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

Еден од сценаристите на анимираната серија „The Simpsons“ Ал Џин, објави на твитер фотографија од кадарот од една епизода во 2015 година, во која се наоѓаат Хомер Симпсон и плакат со „Трамп 2024“).

„Како што претскажавме во 2015 “, напиша тој под фотографијата.

Инаку, 2015 година е годината кога Трамп првпат се канидираше за претседател на САД.


Авторите на серијата „The Simpsons“ во минатото во повеќе наврати предвидоа некои глобални случувања, па многумина веруваат во нивната видовитост.

Така, на пример, во 2000 година во САД во епизодата „Барт гледа во иднината“, прикажано е дека Трамп, кој во реалноста во 2016 година, го завршува својот фиктивен мандат и ја уништува Америка.

Во 34 – тата сезона ќе биде откриено: Како „Симпсонови“ можат да ја „предвидат“ иднината со толкава прецизност?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот