Тетовската болница демантира дека имало напад од страна на лекар врз пациент

Фото: МИА

Од хируршкото одделение при Клиничка болница Тетово демантираат дека се случил напад од страна на лекар врз пациент. Според нивните тврдења немало физички напад.

-Дежурната екипа која била на работа критичниот ден го демантира случајот. Истите биле вербално нападнати од пациентот и истото е пријавено во МВР. Дежурните лекари Ф.С и Ш.Ф истовремено бараат јавно извинување од пријавителот поради нарушување на угледот, стои во демантот до новинарите испратен по телефонска порака.

Тетовската полиција денес ја објави информацијата дека на 08.09.2019 во 18:00 часот во СВР Тетово, В.С.(67) од с.Брвеница пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот додека бил на преглед во Клиничката болница во Тетово бил физички нападнат од Ш.Ф, лекар во болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот