Тесла ја тужеше Шведска поради доцнење со регистрацијата на нови возила

Тесла/ Фото ЕПА

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ поднесе тужба против шведската државна транспортна агенција поради доцнењето на регистрацијата на нови возила за време на штрајкот, објави во понеделникот деловниот весник „Дагенс индустри“ (ДИ).

Најголемиот шведски индустриски синдикат ИФ Meтал се судри со Teсла поради колективниот договор за механичарите кои штрајкуваа на 27 октомври и повеќе не ги сервисираат нивните автомобили, пишува Пословни хр.

Членови на други синдикати, вклучително и поштенски и пристанишни работници и чистачи, им се придружија во знак на солидарност, што предизвика прекин на дистрибуцијата на регистарски таблички за возилата на Tesla.

Минатиот петок, 50 работници на шведскиот снабдувач со клучни делови Хидро Екстружнс, подружница на норвешкиот производител на енергија и алуминиум Хидра, се приклучија на штрајкот.

„Тие доставуваат делови за фабриката Тесла во Берлин и ако тоа им го наруши бизнисот, се надеваме дека ќе ги принудиме да се вратат на преговарачка маса“, рече во петокот секретарот за преговори на ИФ Метала, Вели-Пекка Саикала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот