Тешка сообраќајка во струмичко, повредени две лица

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Две лица се повредени во тешка сообраќајка која се случила вчера во струмичко. Во несреќата учествувале „рено“ и „опел“ а возачите се пренесени во болница.

 

„На 24.08.2023 во 19.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено” со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „опел”, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со телесни повреди се здобил возачот В.И, констатирани во Медицински центар Струмица“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот