Термколи: Рама да го поништи пактот со Вучиќ

Фото Screenshot Youtube

Поранешната пратеничка на Демократската лига на Косово, Мелихате Термколи учествува на протестот што го свика поранешниот албански премиер Сали Бериша во Тирана против посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ и против иницијативата „Отворен Балкан“.

Термколи рече дека „Отворениот Балкан“ е нож во грб за Косово и Албанците, додека од албанскиот премиер Еди Рама побара да го откаже, како што го нарече „пакт“ со српскиот претседател.

„Денес ние овде и таму секогаш ќе му се спротивставиме со сите сили – нашата моќ не е мала, моќта на народот е голема – ќе продолжиме да се спротивставуваме на овој пакт за Отворениот Балкан, за она што значи нова Југославија, за она што Србите го нарекуваат „српски свет“ и тоа е последен обид и последна цел на Вуиќи што со планови истомисленици да ги реализира проектите до Милошевиќ, а сега и Вучиќ“, рече Термколи.

„Но, ова нема да се случи“, продолжи таа. „Тука е Косово и Албанија и насекаде има Албанци“.

Термколи рече дека актуелниот претседател на Србија Александар Вучиќ го критикува балканскиот касап Слободан Милошевиќ затоа што не ги истребил целосно косовските Албанци.

„Дали знаевте дека Вучиќ е еден од најголемите критичари на Милошевиќ? Не го критикува дека извршил геноцид на Косово врз Албанците, туку го критикува дека не си ја работи работата, затоа што не ги истребил Албанците за да ги фрли сите во море и да го земе Косово. Тоа нема да се случи, и повторно ќе му кажеме, никогаш нема да се случи“, рече таа.

Според Термколи, Косово не треба да го прифати „Отворениот Балкан“ дури и ако Србија ја признае нејзината независност.

„Слушнав некои млади Соросоиди дека ако Србија го признае Косово, ние ќе го прифатиме Отворениот Балкан. Никогаш, дури и Србија да не признае, нема да го прифатиме Отворениот Балкан“, рече таа.

Таа на крајот побара од премиерот на Албанија, Еди Рама да се откаже од иницијативата „Отворен Балкан“.

– Добро прави Еди Рама денеска и утре да преземе само една акција, да го прогласи овој пакт за ништовен и мора да направи такво нешто, рече Термколи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот