Темистоклеус: Во јули колективен имунитет во Грција

epa09111671 People who live in south Athens wait to receive a shot of the first dose of the Moderna vaccine against the coronavirus disease (COVID-19), in a new vaccination center in south Athens, Greece, 02 April 2021. EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

До крајот на јуни или средината на јули ќе биде вакциниран еден голем дел од грчкото население,  ќе го постигнеме она што се нарекува ѕид на имунитет, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, кој е надлежен за процесот на имунизација во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката државна телевизија ЕРТ, Темистоклеус објасни дека пред колективниот имунитет, на крајот од април или почетокот на мај, кога се очекува да бидат вакцинирани сите граѓани на возраст од над 60 години, како и ранливите категории со висока опасност, ќе се создаде еден „прв ѕид на имунитет”.

Во однос на вакцината на „Aстра-Зенека“, објасни дека надлежната комисија ќе одржи состанок, но истакна дека не се очекуваат драстични промени во програмата за вакцинација, единствено би  можело да се донесе одлука за ограничувања поврзани со возраста.

Темистоклеус потенцираше дека и покрај натписите во медиумите и различните ставови на земјите од Европската унија, во Грција, и понатаму е висок процентот на граѓаните што се имунизираат со конкретната вакцина.

Учеството е над 90 отсто, а во изминатите седум дена, во просек е 93 проценти и станува збор за 10 до 12 илјади вакцинации дневно. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот