Телефонски разговор Ердоган – Трамп

Двајцата претседатели разговарале за Сирија, Либија и за трговската размена САД и Турција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, јави агенцијата Анадолија.

Ова преку соопштение го потврди Одделот за комуникации на турското Претседателство, во кое се вели дека двајцата претседатели разговарале за билатералните прашања, како и за настаните во регионот.

Ердоган и Трамп нагласиле дека нападите на сириските власти се неприфатливи, а размениле мислења за тоа веднаш да се стави крај на кризата во Идлиб.

Според соопштението, двајцата лидери укажале на важноста од повторно воспоставување на мирот и стабилноста во Либија.

Претседателите на Турција и САД постигнале усогласување за повторно започнување на преговорите реализирани со цел зголемување на обемот на билатералната трговија на 100 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот