Тедрос: Не можам да му помогнам ниту на моето семејство кое гладува во Тигра

Тедрос Аданом Гебрејесус
Тедрос Аданом Гебрејесус / Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Генералниот секретар на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус оцени дека ситуацијата во етиопскиот регион Тигра, зафатен од војна, е исклучително тешка и се пожали дека не може да им помогне ниту на членовите на своето семејство кои, како што рече, таму гладуваат.

„Имам многу роднини таму. Сакам да им испратам пари, но не можам”, рече тој.

Тедрос додаде дека не ни знае „кој од нив е жив, а кој не е”.

Од почетокот на конфликтот во Тигра во 2020 година, овој регион е отсечен од светот и нема телефонски или интернет врски.

Како што пренесуваат странските агенции, десетици илјади цивили загинаа, а на милиони им е потребна помош во храна.

Светската програма за храна соопшти дека речиси половина од населението на Тигра од 5,5 милиони е во сериозен недостиг на храна.

Тедрос, поранешниот министер за здравство на Етиопија, неодамна оцени дека ситуацијата е полоша од онаа во Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот