Арбен Таравари

Таравари: На локалните избори одиме со наши листи за советници, за градоначалници ќе видиме

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вечерва по тричасовниот состанок на Централното председателство во Тетово и со раководствата на сите ограноци на партијата, соопшти дека едногласно одлучиле на локалните избори да поднесат сопствени, самостојни листи за советници, додека се уште не се знае дали ќе настапат и со свои кандидати за градоначалници, одвоено од коалицијата „Вреди“.

„Не излегуваме од коалицијата „Вреди“, излегуваме со наши листи за советници. За кандидатите за градоначалници не е дефинитивно. Не може четири-пет луѓе од „Вреди“ да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење“, рече Таравари.

Тој додаде дека за неговата партија е неприфатлив ултиматумот од партнерите во „Вреди“ околу кандидатите за градоначалници.

„И ултиматумот кој ни го поставија од „Вреди“, да одговориме до денеска, исто како и предлогот да сме седнеле ние лидерите, да сме кажеле кои ке бидат кандидатите, за нас не е прифатлив и го отфрламе, рече Таравари, кој не сакаше да потврди дали ова значи дека ја напуштаат владејачката коалиција и дали „Вреди“ по ова ќе опстои.

Пред почетокот на состанокот, Халил Снопче за „Телма“ изјави дека Алијанса не била консултирана од страна на коалиција „Вреди“ при распределбата на градоначалничките и советничките места и дека сите нивни предлози се одбиени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот