Талибанците ги објавија преостанатите членови на владата, на листата нема жени

Талибанци во Авганистан / Фото: AFP / AFP / Profimedia

Владата на талибанците ги објави имињата на преостанатите членови на својата влада, а на новата листа повторно нема жени, пренесува Еуроњуз.

Врховниот лидер на Талибанците, Амир-ул Моминин, со декрет претстави 17 членови на владата, според високиот портпарол на исламистите, Забиула Муџахид.

Во новата влада, маж од североисточниот регион Паншир е избран за министер за трговија, а еден од замениците во Министерството за здравство е избран од редовите на малцинската етничка група Хазар, рече Муџахид.

Првите избори на талибанската влада беа цел на критики бидејќи не беа доволно инклузивни, со оглед на тоа што повеќето членови потекнуваат од редовите на талибанците и паштуните.

Машка влада

Во владата, повторно, нема жени на новата листа, што укажува дека талибанската влада ќе остане целосно машка.

Помина еден месец откако Талибанците ја презедоа власта, но ниту една земја официјално не ги призна како легитимна влада на Авганистан.

Муџахид рече дека е должност на меѓународната заедница и земјите од регионот да воспостават дипломатски врски со новата авганистанска влада и да се надеваат дека тие ќе бидат признаени во блиска иднина.

Членовите на талибанската влада беа објавени во време на зголемена невработеност и уште поширока сиромаштија, како резултат на ненадејниот пад на владата и прекин на меѓународното финансирање.

Талибанците им наредија на жените вработени во институциите во Кабул да останат дома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот