Тајванскиот гигант гради фабрика за чипови во Германија, вредна 10 милијарди евра

Чипови / Фото Nail Fattakhov / TASS / Profimedia

Тајванската компанија одговорна за производство на полупроводници TСМЦ треба да се посвети на изградбата на фабрика за чипови во Германија во наредниот период, која има за цел да го диверзифицира глобалното снабдување поради геополитичките тензии. Според Фајненшл Тајмс, тајванската компанија ги здружила силите со Бош и производителите на чипови Инфинеон и НХП и ќе изгради фабрика во Дрезден.

„Одборот на директори на TСМЦ одобри капитална инвестиција до 3,5 милијарди евра. Германската влада и понуди на TСМЦ половина од вкупната вредност, или пет милијарди евра, како субвенција за поддршка на проектот“, пишува лондонскиот весник.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека оваа фабрика ќе претставува значаен придонес за обезбедување на снабдување со полупроводници во Германија и низ цела Европа.

Овој потег придонесува за стратегијата на Берлин да стане водечки центар во Европа за производство на чипови. Тајванската компанија ќе има 70 отсто удел во заедничкото вложување, додека нејзините европски партнери ќе имаат по десет отсто. Изградбата треба да започне во втората половина на 2024 година, а производството се очекува да започне до крајот на 2027 година. беше објаснето, пренесува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот